LIQUI MOLY најпопуларен бренд за одржување возила

Читателите на Германскиот магазин “Werkstatt aktuell” ја избраа компанијата LIQUI MOLY за најдобар бренд на моторни масла, осми пат по ред.

Дури и сериските победници може да бидат изненадени. Ова се случи со Германскиот магазин за комерцијални возила “Werkstatt aktuell”. За прв пат, во анкетата на читателите, LIQUI MOLY беше изгласан за најдобар бренд во категоријата производи за нега на возила и препарати за чистење.

Помалку изненадувачко, но не помалку задоволувачко е извојуваното прво место за најдобар бренд на масло и подмачкувачи. Од воведувањето на анкетата, компанијата секогаш беше избирана за најдобра во оваа категорија.

“Цврсто верувавме дека ова ќе се случи ,” вели Кристијан Швер во врска со изгласувањето победа во категоријата одржување на возила за прв пат. Сепак е изненаден : “Јас лично сметав дека ќе почекаме неколку години додека застанеме на пиедесталот со нашите производи за одржување возила. И не очекував дека овој чекор можеме да го направиме во медиумот посветен на комерцијални возила,” изјави Националниот менаџер за продажба на  LIQUI MOLY.

Во моторспортот, ова можеме да го наречеме фото финиш. Во анкетата на читателите на магазинот за комерцијални возила во категоријата на производи за одржување, беше се навистина близу до целната линија. Откако  LIQUI MOLY одработи успешно година по година, маневарот за превземање на првата позиција и освојување на подиумот пристигна оваа година. И ова е особено добро време за нас, бидејќи најпопуларниот бренд на моторни масла во Германија се позиционира себеси уште посилно како добавувач на целосната гама на производи, и што покрај маслата и адитивите, има и првокласни производи за нега на возила во својата палета.

Во категоријата на масла и подмачкувачи, беше неприкосновено извјувана осмата титула во осмата година од анкетата. Водството пред сребрениот медал беше изразена со повеќе од 37 процентни поени. Овој гап порасна за околу третина споредено со претходната година.  “Уште еднаш, оваа асна победа ја потврдува нашата работа, особено во првата година од коронавирус пандемијата,” додаде Кристијан Швер.  “Сега го жнееме она што го сеевме. ”