LIQUI MOLY Oil Additive – Класика против абење

Основна физичка заштита со традиција од над 65 години : со подобрена формула. Oil Additive останува составен дел на нашата понуда до денес.

LIQUI MOLY Oil Additive е првиот производ кој под друго име го лансиравме на пазарот пред повеќе од 65 години. Сега има и подобрена формула. Крутото мазиво во течна состојба MoS2 го намалува трошењет, особено на постари мотори, и ја подобрува издржливоста и функционирањето на компонентите.

  • MoS2 создава многу еластичен филм (покривка) за подмачкување на сите површини кои се подложни на триење и движење. Го намалува триењето и обезбедува помеко рботење на компонентите.
  • Се избегнува контакт метал-на-метал а моторот е научно докажано заштитен од абење.
  • MoS2 резултира со значајни заштеди на гориво и масло, со висока работна доверливост и доверливи својства на работа во итни случаи особено при губење на маслото.

Адитив за масло прикладен за сите комерцијално достапни моторни масла во бензински и дизел мотори со и без филтер за честици (DPF). Дозирање на адитивот за масло треба да биде 3-5% од колиината на масло за полнење.

Адитивот може да се користи во било кое време, дури и помеѓу ромени на масло. Но, треба да се внимава да не се надмине максималната количина на масло за полнење (вклучувајќи ја и количината на адитивот).

Торбополначи особено имаат корист од својствата на Oil Additive, бидејќи MoS2 ја подобрува работата во итни случаи. Тоа секогаш гарантира подмачкување на турбополначите.