Почетна | Новини | LIQUI MOLY oстанува најдобар бренд
LIQUI MOLY oстанува најдобар бренд
Mарт 2020 – Специјалистот за производство на моторни масла LIQUI MOLY останува најпопуларен бренд за масла во Германија. Ова беше одлучено од читателите на најголемите автомобилски списанија во земјата. Специјалниот аспект : за два од магазините ова е идентична одлука, десет пати по ред. “Со сите лоши вести кои моментно го преплавуваат светот ова е сјајна точка за нас, награда за работата која ја вршиме секој ден, без оглед на генералната состојба, ” со задоволство вели генералниот директор Ернст Прост.Во 2011, читателте на “Auto Motor und Sport” и “Auto-Zeitung” го изгласаа LIQUI MOLY како најдобро масло за прв пат. Награда која беше предодредена да трае. Германскиот бренд на масла, остана на врвот веќе цела декада. “Задоволството од првата победа пред десет години беше огромна. ” се сеќава генералниот директор Ернст Прост. “Од тогаш секоја година, со нетрпение ги чекавме резултатите. Без никакви дилеми, прво место – десети пат по ред е феноменално. Во тешки времиња како ова, вакви вести се вистинско олеснување.”И уште едно признание во двата магазини се повтори : Второ место за артиклите за одржување. “Политичкиот притисок кон алтернативни погони исто така значи дека во иднина ќе мора да се потпреме и на други производи, не само на моторните масла, ” вели генералниот директор. Бидејќи погонот не е фактор во одржувањето на возилата, LIQUI MOLY може да искористи дел од својата палета за да одговори на потребите на електричните возила. Во тој контекст, вели Прост, особено ни е драго што го освоивме второто место во оваа производна категорија. Резултатт докажува дека клиентите не не доживуваат исклучиво како бренд кој произведува масло.”Позитивниот тренд исто така продолжува и во другите магазини во Германија. LIQUI MOLY е на првото место и кај читателите на “Auto Bild” за девети пат по ред. Не се само ентузијастите кои ги сакаат возилата и го почитуваат LIQUI MOLY; читателите на магазинот “Motorrad” исто така имаат голема љубов кон специјалистот за масла од германија. Нивните гласови исто така му помогнаа на брендот да се искачи на пиедесталот уште еднаш, откако LIQUI MOLY беше изгласан за прв, минатата година.“Се разбира, во време на пандемијата од корона, се фокусираме на здравјето на нашите колеги и партнери. Согласно тоа, се бориме да ги задржиме нашите операции што е можно подолго, за да можеме да продолжиме да ги снабдуваме нашите клиенти во целиот свет со продукти,” изјави Ернст Прост. Во исто време, компанијата работи вредно секој ден за да остане најдобриот бренд за масло во Германија.