LIQUI MOLY останува официјален спонзор на Светскиот Куп во Ракомет

Учеството на Турнирот, кој ќе се одржи во Полска и Шведска во 2023 година, се очекува на производителот на масла и адитиви да му донесе зголемување на популарноста и свесноста за брендот.

Меѓународниот ракомет останува дел од ромотивните активности на LIQUI MOLY. Германскиот специјалист за моторни масла и адитиви е официјален спонзор наtСветскиот шампионат во ракомет. Натпреварите ќе се одржуваат во Полска и Шведска од средината до крајот на Јануари 2023 година.  “Овој спорт има свои фанови во целиот свет. Светското Првенство привлекува фанови и пред нивните ТВ премници и екрани. Затоа останавме посветени и во 2023 година,” вели генералниот директор на  LIQUI MOLY Günter Hiermaier.

И на претходните два турнири во Египет како и во Германија и Данска, сино-црвеното лого беше насекаде присутно во салите во сите скоро 200 натпревари. Таков ќе биде случајот и во Полска и Шведска Целта на. LIQUI MOLY е јасно дефинирана : “Го носиме нашиот бренд до стотици илјади гледачи кои ги следат натпреварите на лице место, како и до многу милиони гледачи и спортски фанови кои ги следат возбудувањата на ТВ екраните ,” вели Günter Hiermaier.

LIQUI MOLY традиционално има силна присутност во моторспортот, во моментов во Светскиот Шампионат во моторциклизам -MotoGP, како и во Formula 1. “Зимно време, моторите одмараат.  А затоа што сакаме да бидеме присутни и на другите спортови (надвор од мотоспортот) и да го направиме нашиот бренд уште попознат, се фокусираме и на други евенти како што е Светскиот Шампионат во Ракомет,” вели генералниот директор на LIQUI MOLY. Тој додава дека бил комплетно задоволен со резултатите постигнати во 2019 и 2021 и затоа е посветен да присуствува и на следните мечеви за титула. “Како бренд чии производи може да се купат во 150 земји, интернационалноста на светскиот шампионат и поврзаната со него глобална медиумска застапеност е главниот пресуден критериум,” подвлекува Günter Hiermaier. Стратегијата е едноставна. Поголема свесност за брендот, носи поголеми продажби.

На Јануари 11, Светскиот шампионат започнува во Катовице. Финалето ќе се одигра во Стокхолм на 29 Јануари“Ацијата на теренот ја одразува одлично – и нашата рабтна филозофија како компанија : брзина, тимска игра и огромна желба да се биде на врвот,” вели Günter Hiermaier.