LIQUI MOLY Партнерска средба, 2024

На 06 Март, 2024 година, LIQUI MOLY Maкедонија, во втората година од својата работа како ексклузивен увозник и дистрибутер на LIQUI MOLY за Македонија, ја организираше втората Партнерска средба во Скопје, во хотелот Double Tree by Hilton.

Стандардно, на настанот присусвуваше и официјалниот претставник на LIQUI MOLY, г-динот Сабахудин Шерифовиќ, регионален менаџер за земјите од поранешна Југославија.

На партнерската средба на која присуствуваа најголемите и најуспешни партнери на LIQUI MOLY Македонија во земјата, беа презентирани најновите информации од светот на Германскиот супербренд.

Беше направен и мал, компактен тренинг за најпродаваните артикли во палетата на LIQUI MOLY, компанија која 14 години по ред со себе ја носи титулата – Најдобар бренд во класата на моторни масла и адитиви во Германија.

Триумф за кој пред се е заслужен беспрекорниот премиум квалитет на производите во палетата на LIQUI MOLY, кои се произведуваат исклучво во фабриките во Германија, под строга контрола на инжинерите и хемичарските експерти на компанијата лоцирана во Улм.

Беа анализирани и активностите и резултатите на македонскиот дитсрибутер и неговите партнери, при што со задоволство беше констатирано дека 2023 година ќе остане запаметена како најуспешната година во историјата на брендот на Македонскиот пазар.

Следуваше и официјално признание (сертификат) со кое претставникот на LIQUI MOLY  ја поздрави и пофали работата на LIQUI MOLY Македонија, како значајна алка во вкупниот раст на компанијата на глобално ниво.

Во Македонија беше остварен раст на прометот од дури 39% во споредба со претходната, 2022 година, за што најголема заслуга имаат партнерите, дилери и сервисери во земјата кои ги купуваат и користат производите на LIQUI MOLY.

Комерцијалниот директор на LIQUI MOLY Македонија, м-р Зоран Дочински, истакна дека пораст на прометот е нотиран кај речиси сите компании, партнери во земјата.

Дополнително, сериозно е зголемена продажбата и на моторни масла и адитиви за камиони и градежни машини.

Кога на сето тоа, ќе се додаде и зголемениот број на клиенти во мрежата, јасно е од каде се црпи финансискиот пораст во 2023 година.

“- Имаме одличен бренд, Најдобриот бренд во Германија, со огромна палета на премиум производи, но и силна мрежа, во која се трудиме да развиеме и негуваме, пред се’ пријателски… не само комерцијални релации.” – изјави Дочински.

“- И покрај глобалната популарност, спонзорствата на секој чекор, во секој популарен спорт, правиме и локални акции, промоции, евенти и активности, за да им помогнеме на нашите партнери во остварување на заедничката цел. Да им дадеме можност да ја почувствуваат магијата на LIQUI MOLY во бизнисот, но и во секојдневието.”

Во продолжение, беа презентирани и идеите, планот и целите и за тековната 2024 година, која се очекува да биде уште поуспешна од претходната.

На крајот од манифестацинјата, беа поделени и специјални признанија и награди за најдобрите и најуспешни дилери во Македонија.

Особено беа пофалени и истакнати најдобрите сервисери во 2023 година :

  • Униројал – Прилеп
  • Љотич Јуниор – Валандово
  • Иве Транс – Скопје

Како и најдобрите дистрибутери во земјата :

  • Матадор – Прилеп
  • Делта Ауто Шоп – Кичево
  • Том-Гор – Струга