LIQUI MOLY спонзор на ADRIA DRIFT

LIQUI MOLY влегува во Adria Drift серијата

Во 2020 година, германскиот производител на моторни масла, адитиви и сервисни препарати LIQUI MOLY станува дел од петтата сезона на адреналинскиот циркус – Adria Drift, дрифт натпреварување кое на почетокот било основано како пионерска серија од овој тип организирана на Балканот, поточно во Словенија, Хрватска и Србија.

Денес спектаклите се организираат и во Австрија и Унгарија.

Аdria Drift серијата официјално почнува на 30 Мај, 2020 во Словенија, а комплетната програма за 2020 година, и која ќе ја следиме и ние на страните на Liqui Moly Adria, можете да ја видите во официјалниот календар на Adria Drift подолу.