Од Јули 2019, врвниот ракомет во Германија ќе се игра заедно со LIQUI MOLY. Специјалистот за масла и адитиви од Улм ги доби правата на машката највисока дивизија во ракомет, која одсега ќе се нарекува LIQUI MOLY Handball Bundesliga.
Договорот помеѓу LIQUI MOLY и Германската Бундеслига во ракомет ќе важи три сезони со можност за продолжување за уште две години.
Договорот предвидува поставување на логото LIQUI MOLY Handball Bundesliga (LIQUI MOLY HBL) на ракавите на играчите од сите 18 клуба. Синото, црвено и бело лого на успешната германска компанија ќе се гледа на 306 меча во најдобрата Германска лига.
Секако, логото ќе биде присутно и на натпреварите, теренот, рекламните паноа, како и на сите медиуми кои ќе ја покриваат Германската лига во ракомет.