LIQUI MOLY станува спонзор на MotoGP трката во Германија

LIQUI MOLY е присутен во  MotoGP Светскиот Шампионат за моторцикли осум години. Сега ја проширува својата посветеност. Производителот на моторни масла ќе стане спонзор, а трката во Германија ќе г носи името на брендот. Трката ќе се вика “LIQUI MOLY Motorcycle Grand Prix of Germany”. “Ова ја зголемува визибилноста на брендот низ целиот свет,” вели Ернст Прост, генералниот директор на LIQUI MOLY.

Минатата година, LIQUI MOLY  го направи овој чекор за прв пат и беше спонзор на трката Во Теруел, Шпанија. “Реакцијата и успехот во тоа време беа толку големи што решивме да останеме спонзор чие име ќе го носат трките и во годините шро следат,” се насмевнува Ернст Прост.  “Ова е секако перфектно на нашиот домашен пазар во Германија.” До 2023, MotoGP трките во Сахсенсринг ќе го носат името LIQUI MOLY.

“LIQUI MOLY има добра репутација во оваа сфера,” Објаснува Пау Сераканта, генералниот директор на маркетерот на MotoGP  Dorna Sports. “Воодушевен сум што компанијата ја засилува својата посветеност на  MotoGP.”

Во 2013, LIQUI MOLY го привлече вниманието на себе за прв пат како спонзор на тим во Moto2. По тоа следеше силно рекламирање по тркачките патеки и навистина специјален договор : LIQUI MOLY стана ексклузивен добавувач на масла за сите тимови во Moto2 и Moto3 тркачките серии, веќе полни пет години.  “Ова е можно ако испорачувате само врвен квалитет,” истакнува Ернст Прост.  “На тркачите им испорачуваме врвен квалитет, а тоа го правие и за секој моторциклист или возач на возило.”

Спонзорството на Германската трка е додаток на нивната посветеност во MotoGP. “MotoGP е уникатна платформа преку која се доаѓа во контакт со моторспортските ентузијасти во целиот свет,” вели Прост.  “Веќе го очекуваме 20 јуни, кога за прв пат ќе  кажеме: Добредојдовте на LIQUI MOLY Motorcycle Grand Prix of Germany!”