Читателите на Германскиот магазин “Classic Cars” го избраа LIQUI MOLY за најдобар бренд во 2020 година со златен медал во категоријата на моторни масла. Германскиот производител на моторни масла освои и две бронзани медали во категоријата на бои / полирање / заштита на хромирани елементи како и во категоријата на производи за чистење на велосипеди. “Пресреќни сме што читателите ни искажаа доверба, нам и на нашите производи и ни дадоа одлична, златна есен ,” изјави генералниот директор Günter Hiermaier.
По прв пат, Bauer Media Groupe им овозможи на читателите да глассаат за нивниот омилен бренд од А за авто клубови до С за сервиси. LIQUI MOLY се појави во три од 14 категории. Главна вест : за LIQUI MOLY можеше да се гласа во три категории и во сите три категории, брендот доби три медали. Во една од наведените категории, брендот беше на прво место, и тоа со импресивен резултат освојувајќи скоро 45% од гласовите, што останатите 10 компании во изборот ги остави далеку одзади. “Секоја дополнителна награда е специјална за нас. Но има нешто специјално кога ќе завршите на врвот во изборот на читателите и тоа во премиерната анкета ” вели Günter Hiermaier, човек кој заедно со Ернст Прост е во топ менаџментот на LIQUI MOLY.
LIQUI MOLY се искачи а подиумот во уште две категории: Читателите гласаа и го доведоа брендот на подиум како третопласиран во категориите боја/ полирање / заштита на хромирани елементи како и во категоријата на производи за Чистење на тркала. “Kaкo добавувач со комплетен асортиман на производи, драго ни е кога сме препознаени и во клучната специјалност – моторни масла и адитиви, но кога и во останатите полиња на нашето производство сме приметени, тоа ни е особено драго,” заврши Günter Hiermaier