
И покрај многуте декади поминати во моторспортотучеството на LIQUI MOLY во WTCR означува почеток на нова ера за специјалистот за моторни масла . “Ова е прв пат да сме инволвирани во работните тимови, односно во директна соработка со производителите на возила. ,” изјави Питер Бауман. Оваа соработка ќе се рефлектира прво во јасно видливото лого на возилата и второ во фактот дека две возила Hyundai i30 N TCR ќе возат на LIQUI MOLY масло. Tоа ќе биде маслото Synthoil Race Tech GT1 10W-60, комплетно синтетичко масло специјално развиено за употреба на тркачките стази.
Соработката на LIQUI MOLY со Hyundai не е само за подигнување на свесноста за брендот, туку и за развој на новите области на работење. Ова е затоа што компанијата традиционално е посветена на постпродажбата, то ест на поправката и одржувањата. Затоа компанијата е подобро позната во сервисите а не во овластените дилерства. LIQUI MOLY има намера да го развие својот бизнис и во дилерствата. “Сега, кога Hyundai не избра за трки, дилерствата на Hyundai дефинитивно ќе не замаат во обзир. ” изјави Питер Бауман.