LIQUI MOLY во секој моторцикл на Beta

Производителот на моторцикли и производоителот на масла ја продолжуваат својата соработка.

Германскиот специјалист на масло и адитиви LIQUI MOLY ја продолжува својата соработка со Италијанскиот производител на моторцикли  Betamotor.  Од 2014, сите нови моторцикли се испорачуваат со масло од LIQUI MOLY. Така че остане и во следните три години. “Ова ја потврдува нашата експертиза во моторцикли и ни помага да се шириме и понатаму во оваа бизнис област,” вели Салваторе Кониљо, Експорт директор на  LIQUI MOLY.
Betamotor примарно ги произведува  enduro и пробните моторцикли. Нивниот возен профил го става моторот под потешко оптоварување од моторциклите кои се движат стабилно по патот. Да се зачува машината стабилна под овие услови а притоа да се задржи максимална моќ не е возможно со користењето на секое масло. Овде  LIQUI MOLY може целосно да ја искористи широчината на производната палета. Брендот има различни моторни масла специјално произведени за моторцикли, но и масла специјално наменети за  off-road употреба.
“Ова навистина се исплати – а тоа го гледаме веќе седум години,” вели Стефано Солдани, директор за Ппродажба и Макретинг во Betamotor. “Воодушевени сме што купувачите на нашите моторцикли ќе продолжат да ги користат бенефитите на моторнот масло произведено во Гераманија и во иднина.”
Двете компании ја продлабочуваат синергијата и во патните моторцикли: Betamotor е официјален импортер на брендот Zontes. Водичот за масла  www.liqui-moly.com помага да се утврди кое масло е соодветно за секој моторцикл. Се што треба да направите е да изберете производител, модел и мотор и не само што ќе добиете листа на соодветни масла, но и соодветни масла соодветни за вилушките маслата за менувач, течност за сопирачки, антифриз и многу други работи.

Покрај моторните масла, LIQUI MOLY нуди и широка палета на хемиски продукти особено за моторцикли : Има адитиви, масла за вилушка, спреј за ланци, течност за сопирачки, и производи за нега и чистење, за кожени одела и кациги. За сервисите, постои и опрема како сталажи за буриња, пумпи и друго. Рангот на производи за моторцикли вклучува повеќе од 100 производи.
Бизнисот со моторцикли на LIQUI MOLY расте рапидно. “Оваа година ќе генерираме три пати повеќе ромет од периодот од пред пет години,” вели Салваторе Кониљо, Експртниот директор на  LIQUI MOLY. “Ова покажува дека се повеќе моторциклисти се уверени во нашиот квалитет.” И тие не се единствените: Професионалните тркачи исто така имаат доверба во квалитетот од Германија. Веќе повеќе години, сите тимови на Moto2 и Moto3 racing сериите се возат со маслото на  LIQUI MOLY.