LIQUI MOLY за 10 месеци го оствари прометот од лани

На крајот од октомври оваа година, LIQUI MOLY го достигна прометот остварен во целата 2020 година од 611 милиони евра. А тоа е нов рекорд на сите времиња. Во 2021 година, LIQUI MOLY оди кон најголем пораст на продажбата во својата историја.

“Подготвени сте за нов рекорд, нова референтна точка, и специјално и врвно остварување ?” Со овие зборови, Ернст Прост, генералниот директор на  LIQUI MOLY, ги мотивираше своите колеги на почетокот од Октомври. Цел : Остварување на волумен на продажбата на целата претходна година во период од само десет месеци. Компанијата со седиште во Улм континуирано остварува рекорди во минатата година. И денес, производителот на масла го оствари и својот 10 месечен таргет : € 611 милиони промет. Компанијата постави и нов рекорд од €70 милиони само во Октомври.  “Нашата компанија е здрава. И маслата, адитивите и подмачкувачите се мотор на економијата,” вели Ернст Прост, горд и благодарен за перформансите на екипата. Навистина оваа цел е повеќе од респектабилно остварување. Во светот, цените на суровините се издигнаа до астрономски височини, а некои и воопшто не се на располагање, На тоа ако се додадат и глобалниот пад на патувањата и на капацитетите за превоз.  “Сето ова го прави нашето приземно и социјално насочено деловно работење екстремно тешко,”вели шефот на LIQUI MOLY. Деловната агилност на германските компании со средна големина со повеќе од 1.000 вработени им дава предност. “Можеме да го прилагодиме нашиот курс спонтано. Ова исто така значи дека константно еволуираме и работиме вредно. Инаку ќе паднеме надолу,”објаснува Ернст Прост. Успехот покажува дека компанијата била во право.  “Не само што нашите производи се насекаде, туку нашата поддршка за клиентите, квалитетот и вредностите кои ги живееме исто така се особено ценети. Кога тоа ќе се спои со нашиот тимски дух, желбата за борба и нашиот силен брендинг, ова е формулата за успех.Сега се концентрираме на крајниот период од годината и се надеваме дека ќе оствариме уште еден рекорд. Најголемиот пораст на продажбата. Како и секогаш, не стоиме мирни, туку притискаме на педалата за гас,” завршува генералниот директор Ернст Прост.