И покрај загубата на Рускиот пазар, производителот на моторни масла и адитиви од Германија, успеа да оствари респектабилен пораст во прометот, иако истиот е под зацртаните очекувања. LIQUI MOLY не успеа да ги оствари и своите цели за вкупен приход.
Гинтер Хиермаер, генералниот директор на производителот на моторни масла од февруари, е задоволен од резултатот во поглед на глобалната политичка ситуација: „Посакувам почетокот на мојата нова улога во компанијата да беше поедноставен. Се уште не сме целосно закрепнати од последиците од пандемијата – нарушување на синџирите на снабдување, зголемување на цените на суровините и трошоците за транспорт – а веќе бевме изненадени од следната катастрофа во Украина. Одлуката да ги прекинеме операциите во Русија силно нè погоди економски. Сепак, оваа одлука беше исправна “.
За првата половина на 2022 година, Гинтер Хиермаер планираше добар пораст од 10 проценти за LIQUI MOLY.
Се оствари пораст од осум проценти што ја носи компанијата до продажба од 382 милиони евра. „Задоволен сум со тоа, но не и среќен“, вели директорот. „Се бориме со екстремни трошоци. Цените на суровините се зголемуваат до незамисливи височини, што за жал мораме делумно да ги пренесеме на нашите клиенти“, ја опишува ситуацијата Гинтер Хиермаер.
Состојбата со нарачките е многу добра, како никогаш досега не се произведени толку многу адитиви во првата половина од годината, а сепак поради состојбата со суровината има поплаки за неисполнети порачки вредни неколку милиони.
Дополнително, во првата половина од годината недостигаа околу 20 милиони евра од бизнисот со Русија, промет од кој компанијата се откажа. Русија беше еден од најголемите пазари на компанијата. „Да се надомести удделот на овој дел од бизнисот бараше многу напор. Покрај тоа, претрпевме милиони загуби и од бизнисот со Кина, која речиси целосно престана да функционира поради долгите локдауни во Кина. Конечно, ова е доказ дека нашата стратегија за интернационализација се исплати. Со извоз во 150 земји во голема мера го раширивме ризикот и можевме значително да ја зголемиме продажбата во другите земји“, објаснува директорот.
Ова вклучува, на пример, сопствени подружници во странство, како што се во САД (плус 70 проценти) или Шпанија и Португалија (плус 30 проценти). Но, и други региони, како Северна Африка (плус 24 проценти), се региони кои исто така забележаа добар раст. Компанијата моментално генерира приближно 60 проценти од приходите од извоз. „Сепак, во овој момент профитот многу страда, бидејќи трошоците се огромни. Тоа што успеавме да создадеме раст од осум проценти во овие катастрофални околности е доста добро. Можеме да им се заблагодариме на нашите лојални клиенти, нашиот продажен тим и нашите колеги во роизводството за ова “, вели Гинтер Хиермаер.