LIQUI MOLY Македонија, новиот ексклузивен дистрибутер на LIQUI MOLY во земјата, заедно со својот принципал, организираше незаборавен награден викенд во Штутгарт за своите најуспешни партнери во 2022 година.
Официјалните претставници на компаниите од Македонија :







кои во 2022 година остварија најдобри резултати, заедно со своите регионални колеги од Словенија и Србија присуствуваа на свечениот настан во Германија.
Македонските партнери, дилери и серисери, заедно со официјалните претставници на LIQUI MOLY Македонија, имаа можност да се дружат, забавуваат и уживаат во динамичниот викенд кој започна со прошетка во лулката на Mercedes-Benz, Штутгарт.
За гостите од регионот беше организирана и свечена вечера на која ги пречекаа, поздравија и им се заблагодарија за соработката, високи претставници на LIQUI MOLY.

Партнерите на LIQUI MOLY организирано го посетија и Mercedes Benz Музејот, главната атракција на Штутгарт, вистинска ризница на автомобилската историја и традиција.

А како хајлајт на викенд патувањето, уследи и незаборавната вечер и врвната забава на најпопуларниот фестивал на пивото – Октобер Фест во Штутгарт.
Фестивалот се одржува секоја година и трае три недели.
А за врвната забава и уживање на посетителите, покрај шаторите со одлично пиво и врвна забава се грижи и адреналинскиот парк во околината со големо вртешко тркало, ролеркостери, куќи на стравот и реквизити за забава на посетителите од сите возрасти.
Вистинско уживање за нашите патници беше да се почувствува прекрасната атмосфера која ја делеа со локалците облечени во препознатливата традиционална Германска облека, вооружени со позитивно расположение и желба за добра забава.

А за одличната забава до доцна во ноќта се грижеше врвен Германски бенд, кој во организираниот “шатор” во Штутгарт со микс на шлагери и модерна поп и рок музика, ги водеше кон делириум присутните гости од земјата и странство.

По наградното патување, кое долго ќе остане во меморијата на патниците од нашата земја, LIQUI MOLY Македонија уште еднаш им се заблагодари од срце на своите партнери за соработката, довербата и партнерството со желба за брза нова и вети нови вакви и уште поубави настани во иднина.
