LIQUI MOLY има лојална база на фанови. Кога беа прашани за најпопуларното моторно масло, читателите на Германскиот авто магазин “Auto Zeitung” го избраа производителот на Германското моторно масло. Резултат : Топ бренд 2021 и единаесетта титула по ред.
Како победник во натпреварувањето минатата година, LIQUI MOLY ја задржа својата позиција, далеку пред конкурентите, и оваа година во изборот на читателите на “Auto Zeitung”. Да се почне од првата (пол) позиција и да се заврши на целта, тоа е нешто што е познато во тркањето, тоа е вистинска уметност. “Тоа бара силни нерви, дисциплина, вештини и многу натпреварувачки дух. Докажавме дека го имаме она што се бара, секоја година, дури и во најтешките услови, за какви што се покажаа последните нколку месеци. ,” вели генералниот директор Ернст Прост. Во Формула 1, разликата помеѓу добри и лоши возачи ја прави способноста да се натпреварувате константно на високо ниво. Истото се однесува и на прозводителите на масла. Декади наназад, компанијата нуди највисок можен квалитет произведен во Германија.
Ернст Прост гледа уште една паралела со моторспортот па вели : Возачот може да биде талентиран и амбициозен, но ако тимот околу него испорачува просечни перформанси, шансите за победа сериозно паѓаат. “Успехот никогаш не е “one-man show”. Успешни сме во LIQUI MOLY затоа што сите го даваме својот максимум.” Оваа тимска работа е основна и во исклучителни ситуации како што е сегашната пандемија. “Големината на нашата компанија и нашиот пријателски дух во преговороите и комуникацијата меѓу себе ни даде можност да се адаптираме на соодветната ситуација, моментно. .”Ова го демонстриравме уште на почетокот кога ги превземавме мерките за справување со кризата. На пример, се префрливме на работа од дома за само еден ден и тоа во сите области во кои тоа можеше да се спроведе – и тоа се заврши без никаков проблем.
Дополнително, нашата средно голема компанија е социјално одговорна. На пример, секој вработен доби коронавирус бонус од 1.500 евра, генералниот директор се откажа од својата плата и со специјална донаторска кампања од повеќе од 5,5 милиони евра за противпожарните бригади, болници, спасителни служби, асоцијации за”оброци на тркала” , банки на храна, мобилни услуги за заштита и организации за прва помош и многу други не профитни организации, компанијата отиде чекор понатаму..
Во исто време, компанијата го удвои својот рекламен буџет. Во спортот, компанијата реши да ја спонзорира светски познатата Hahnenkamm ски трка во Kitzbühel, Светското провенство во ракомет во Египет и Европското првенство во Атлетика во Полска. LIQUI MOLY исто така ќе биде спонзор со името на the MotoGP трката во Германија. “Спротивно на трендот, успеавме да го зголемиме нашиот публицитет. Јасен знак за нашите партнери и клиенти : Можете да ја дадете довербата на LIQUI MOLY. Тоа секако ги увери дополнително и читателите на Auto Zeitung magazine да го штиклираат полето до LIQUI MOLY,” вели генералниот директор.
LIQUI MOLY го освои и второто место во трката за најпопуларен бренд за одржување на возилата. Компанијата има долга традиција и во оваа категорија.