Силниот раст на продажбата на LIQUI MOLY продолжи и во месец Април. Со 60 милиони евра, продажбите се на 60% над истиот месец минатата година, кој мораме да признаеме дека веќе беше обележан со намалена побарувачка предизвикана од пандемијата. Споредено со Април 2019, порастот е сеуште 26 проценти. “Ја почнавме годината со одличен момент и ќе продолжиме со тој моментум,” вели директорот Ернст Прост.
Март беше најуспешен месец во историјата на компаниата со продажба од 65 милиони евра. “Не можевме да го срушиме тој рекорд во Април, но сеуште се работи за импресивно постигнување за целиот тим,” вели Ернст Прост. Традиционално порастот беше поголем интернационално отколку во Германија, каде LIQUI MOLY веќе има значаен маркет шер и е тешко да се оствари понатамошен раст.
Гледајќи на првите четири месеци од оваа година,LIQUI MOLY главно забележа раст во оние стратешки региони во кои компанијата е претставена од свои сопствени компании : Во Италија, Австралија и Јужна Африка, продажбата се удвои споредено со истиот период во минатата година, а во САД и Канада, најголемите пазари по Германија, продажбата се зголеми за повеќе од 40 проценти.
Овој раст е резултат на контрацикличната стратегија за инвестирање во последните дванаесет месеци. “Дополнително, некои од нашите конкуренти сеуште се однесуваат како да се во хибернација,” објаснува Ернст Прост. Но овој успех исто така има и негативна страна: “Мораме да направиме се што можеме да дојдеме до доволно суровини. И исто така сме во очајна потрага по контејнери за да ги испратиме нашите масла и адитиви до нашите клиенти, ” вели Ернст Прост. “Ова е борба на дневно ниво, но успеваме да ја изменаџираме.”
LIQUI MOLY се разбира го чувствува ефектот на пандемиските рестрикции во многу земји. Но благодарение на својата интернационална диверзификација, компанијата може да го покрие бизнисот кој е во проблеми во една земја со посилни бизнис операции во други земји. “Во целина, гледаме дека глобалната економија фаќа еден моментум на раст,” вели Ернст Прост. “Се надеваме дека до крајот на годината ќе може да се вратиме во нормала.“