Ново масло за Ford модели: LIQUI MOLY Top Tec 6610

Врвото моторно масло е погодно и за Mercedes и Jaguar

Со маслото  Top Tec 6610, LIQUI MOLY на пазарот носи ново моторно масло кое ги задоволува покрај останатото, најновите барања на Ford  (WSS M2C 952-A1). “Тоа е врвно масло кое ја намалува потрошувачката на гориво, а истовремено нуди и опсежна заштита за моторот, ”, вели Оливер Кун, заменик на управителот на лабораторијата за масло на LIQUI MOLY.

Oваа спецификација на масло потребна е првенствено за возилата на Ford со 1,5-литарски  мотори  Duratorq TDCI. Освен тоа, маслото официјално го одобрија и Mercedes (MB 229.71), Jaguar, Land Rover (STJLR.03.5006) и Opel (OV0401547) а се препорачува и за возила на General Motors (GM dexos D). Освен тоа, ги задоволува и барањата ACEA C5 и API SP. Погодно е за бензински и дизел мотори.

Со вискозност од  0W-20, се работи за едно од поретките моторни масла. “Ова го следи трендот со кој производителите на возила се оддалечуваат од густи моторни масла ”, објаснува Оливер Кун.  “Со поретко масло, на моторот му е потребно помалку енергија за испумпување на маслото. Ова е еден од многуте клучни фактори за производителите на возила – да се намали потрошувачката на гориво и емисијата.”

Oва ново масло е развиено на темелите на Top Tec 6600 кое го одобри BMW. Со прилагодувањето на рецептот сега може да се покрие и  Ford-овата спецификација.  “Значи,  Top Tec 6610 е добро надополнување на нашите врвни масла”, вели Оливер Кун.