Победа на LIQUI MOLY за добар старт

За успешен почеток на годината, специјалистот за масла од Улм ја освои наградата – најдобар бренд на моторни масла во избор на читателите на магазинот Auto Zeitung Classic.

Без оглед на тоа дали се возач на камион, механичар, рецепционер во сервис или продавач во малопродажбата, за многумина од нив, LIQUI MOLY е врвен бренд. Читателите на  Auto Zeitung Classic Cars се согласуваат со тоа. Тие го избраа специјалистот за масла од Улм за Топ Бренд во категоријата на моторни масла. 
Во Јануари, постарите и модерните класици обично се во хибернација или кренати на платформа. А кога фановите на класични автомобили не се зафатени со поправки, тие имаат време да се занимаваат со нивната автомобилистичка страст на други начини. Еден од тие начини е да ја прелистуваат специјалистичката литература. Auto Zeitung Classic Cars ги повика своите читатели да изберат кои се нивните фаворити помеѓу производителите на производи и резервни делови за стари и класични автомобили. LIQUI MOLY победи во категоријата на моторни масла.

Оние со слабост кон класичните автомобили, имаат слабост и кон технологијата. Тие знаат да се грижат за моторите и нивното мислење има огромно значење.“Затоа сме горди што читателите на Auto Zeitung Classic Cars уште еднаш не избраа за топ бренд на масла ,” вели Гунтер Хиермаиер, Генералниот директор на  LIQUI MOLY.
Во период подолг од една декада, специјалистот за масла од Ум секогаш беше на врвот на подиумот во бројни избори на читателите.  “А ние сме пресреќни и почестени за секоја таква победа, ” вели Гунтер Хиермаер. “Ова ги вклучува и наградите кои ги добиваме повеќекратно и во сегментот на грижа за возилата .” LIQUI MOLY освои бронза во категоријата – нега на боја / полирање / хром .
Постои и посебна линија на производи за постарите возила. Два типа на масло со SAE 30 и 50,  20W-50 повеќе степено масло, и масло SAE 50 направено само за историски моторцикли. Овие масла се придружени и со лубрикантите за менувачи SAE 90 и 140. Производите на LIQUI MOLY за класични возила се специјално формулирани за да одговараат на технологијата од минатото и да бидат компатибилни со материјалите коит тогаш се произведувале. Ако не сте сигурни, какво масло да користите тука е Водичот за избор на масла на веб страната – liqui-moly.com .
Секој што сака своето моторизирано богатство да го негува на вистински начин, може да најде се што му е потребно во LIQUI MOLY. Покрај маслата, тука се и адитивите како и сервисните производи и производите за нега.  “LIQUI MOLY нуди богат избор, квалитет и услуга кои се – Произведени во Германија,” потенцира Генералниот директор. Ентузијастите на класични возила исто така се чувствуваат како да се во вистински раце, а тоа се гледа и од изборот за ТОП Бренд.