LIQUI MOLY во 2022 година испорача продажба од 800 милиони евра и пораст од околу 10% во споредба со претходната година.
Производителот на моторни масла и адитиви од Улм ги оствари своите годишни цели и останува на стабилен курс на порастот. Компанијата успеа да го искомпензира губењето на Рускиот пазар и генерално тешката состојба на глобалниот пазар преку својата стратегија и брзи активности.
Генералниот директор Гунтер Хаиермаер е многу задоволен : “Остварувањето на такви резултати во продажбата во овие времиња е доказ дека нашиот тимски дух е на вистинска патека а нашите производи се во огромна побарувачка во целиот свет.”
Целта на Германскиот производител за 2022 година беше € 800 милиони. Оваа цел беше поставена и пред Ковид пандемијата, конфликтот во Украина и глобалната енергетска криза. Неколку години и неколку кризи подоцна, книгите бележат продажба од € 799,746,000. “Ако се аокружи комерцијални, 99,97 проценти е исто како да сте направиле 100 проценти. Ако ги земеме предвид предизвиците со кои се соочивме, несериозно е да се фаќаме за ова мало отстапување,” вели Гунтер Хиермаер.
Проблемите кои компанијата од Улм мораше да ги преброди беа големи, како што беа и за многу други компании. Пандемијата и карантините со сите свои реперкусии сеуште не беа завршени а вече почнаа новите кризи. Ова силно ја погоди компанијата “Русија беше нашиот втор најголем пазар. Свесно и доброволно ги запревме своите операции таму. Да се влошат повеќе работите, Кина остана во постојан карантин, па и овој пазар потфрли. Моравме да бараме промет на други места ,” вели Генералниот директор.
“Имавме масивен пораст во речиси сите експортни пазари. Во некои случаи успеавме и да ја удвоиме продажбата. Ова пред се ги вклучува Блискиот исток, Азија, регионите на Централна и Јужна Америка. Европскиот пазар исто така расте, а најголем пораст бележиме во Франција. Дополнително, САД расте и станува Бр. 2 продажен пазар по Германија, со пораст од повеќе од 30%,” вели шефот на LIQUI MOLY. Во целлина, сите овие пазари се сеуште во развој. Компанијата од Улм се фокусира на интернационализација на својата стратегија па затоа ќе продолжиме да го зајакнуваме извозот. Ова ќе се постигне со дополнителни продажни претставници, маркетинг мерки и нови компании ќерки. “Во Германија постигнавме ораст од 15 проценти во 2022. Тоа значи дека нашата домашна земја сеуште е најголемиот пазар. Сепак, гледаме голем потенцијал за брендот LIQUI MOLY в целиот свет. Со нашите тимови на терен, многу сме поефикасни,” Уверен е Гунтер Хиермаиер.
Сепак, не расте само продажбата на масла, туку и производството на адитиви во Улм. И овде беше постигнат нов рекорд со околу 18 милиони канчиња. Дополнително, бројката на вработени се зголеми за 76 до бројка од 1046. Компанијата планира понатамошен раст во следните години и ќе инвестира неколку милиони евра во експанзија и модернизација на производството во следните години. Дополнителни линии за полнење се планираат да почнат а работат во вториот квартал. “Очекуваме слични стапки на раст и во следните години. За да го постигнеме тоа, мора да обезбедиме соодветна рамка. Особено сум задоволен кога успеваме да создадеме нови работни места преку нашиот раст. LIQUI MOLY е и останува социјално активна компанија,” уверува Гунтер Хиермаер. Корпоративната одговорност може да се види не само во инфлаторните компензации кои им ги исплативме на нашите вработени. Компанијата исто така предводи во бројот на вонредни исплати во 2022.
Шефот на LIQUI MOLY исто така донесе и засилување во менаџмент бордот за понатамошната траекторија на развој. Др. Ули Велер, кој долго време беше Комерцијален директор, од јануари стана и заеднички директор. “Структура, безбедност и континуитет се во фокусот на растечката компанија. Заедно можеме да постигнеме повеќе. Во исто време, се обезбедуваме дека компанијата останува на својата патека ако еден од нас неочекувано ја напушти позицијата ,” вели ново назначениот Генерален директор Др. Ули Велер.
Визијата на компанијата е амбициозна. Цели кон 1 милијард во продажбата во 2025 година и понатамошно зајакнување на извозните пазари, кои сега опфаќаат околу две третини од продажбата, поради што компанијата исто така го зајакна извозниот оддел со додатен персонал и структури, “2035 е магична дата за нас ,” вели Гунтер Хиермаер. Оваа година од ЕУ е означена во 2022 година како година во која ќе запре производството на мотори со внатрешно согорување. “Подготвени сме и настојуваме да оствариме годишен таргет од две милијарди евра до тогаш. Додаваме нови производи за електричните возила и алтернативни погони на пазарот и напредуваме во пазарите и сегментите каде моторното масло сеуште ќе биде круцијално за мобилитет и економиите и по 2035. Постои неограничен потенцијал и го експлоатираме истиот,” објаснуваат двајцата генерални директори.