Пролетна проверка : Како да го направите вашиот мотор како нов – одвнатре и однадвор
Чист проток на масло, чисти перформанси
Motor Clean
Кога ќе заврши сезоната на студот, во маслото може да останат замастувањето, кондензацијата и други остатоци. Ако се подготвувате набрзо да смените масло, искористете ја можноста да го исчистите моторот и одвнатре : Motor Clean е за тоа перфектно решение.
Високо ефикасните адитиви за чистење ги разбиваат нечистотиите кои потоа се испуштаат надвор – заедно со старото масло. Кога ќе направите ваква промена на маслото, новото свежо мотороно масло може веднаш да покаже ефект во работата на моторот, и да ги намали триењето и абењето. Дополнително, се оптимизираат и емисиите и се спречува недоволно подмачкување.
Чист систем на вбризгување за подобро и мазно возење
Super Diesel Additive
Препорачан за пролетно чистење на дизел моторот одвнатре : Super Diesel Additive. Ги отстранува наслагите во системот за вбризгување и комората за согорување и спречува нивно повторно појавување. Чистите мотори имаат пониско ниво на потрошувачка на гориво и гарантираат намалени издувни емисии.
Адитивот обезбедува нега и заштита на сите компоненти на системот за вбризгување и спречуваат игличките да се фузираат и да створат гумифицирани облоги. Исто така го подигнува нивото на кетан, со што ги подобрува перформансите на дизел горивото. Super Diesel Additive обезбедува мазна работа на моторот и го штити целиот систем за гориво од корозија и абење, на крајот подобрувајќи ги перформансите на моторот и нивото на емисии.
Injection Cleaner
Витаминска терапија за бензински мотори : Injection Cleaner rги отстранува наслагите во вентилите за вбризгување, всисните вентили, свеќичките и во комората за согорување и спречува нивно повторно појавување. Ги елиминира проблемите на стартување и тврдото работење на моторот, а обезбедува и нега и заштита за сите компоненти на бензинскиот систем за гориво. Injection Cleaner го чува целиот систем за гориво од корозија, со што овозможува подобар одговор на педалата за гас, компресија, подобри нвоа на емисија и перформанси на моторот.
Добро како ново и внатре и надвор
Engine Compartment Cleaner
Кога зимата ќе заврши, делот во кој е сместен моторот изгледа грдо и има ризик од корозија што е предизвикано од прашина, нечистотии или сол. Engine Compartment Cleaner им дава свеж изглед на делот во кој е сместен моторот, ги разлабавува остатоците од масло, замастувања, катран и прашина од сопирачките. Engine Compartment Cleaner нуди импресивно и брзо чистење. Неутрален е кон пластики, гуми и боја и е без хлоринирани хидрокарбони (CFC).
Motor-Conserve
Откако ќе го употребите Engine Compartment Cleaner треба да го заштитите вашиот мотор и да се обезбедите дека ќе го задржи својот сјаен изглед за подолго време. Motor-Conserve е високо сјајна, протективна покривка која ја одбива водата и го штити одделот на моторот. Моторот, водовите за палење и други компоненти се зачувани од нечистотии. Motor-Conserve се суши брзо, а е компатибилен и со метал, гума и пастични делови.