Рекорден месец за LIQUI MOLY

Производителот на моторни масла и адитиви овој Ноември ја прокнижи најдобрата продажба во тој месец во историјата на компанијата.

Овие речиси 62 милиони евра значат најдобар Ноември во продажните резултати на компанијата, но и втор по волумен месечен промет во компаниската историја. Само јануари беше посилен од овој Ноември. И овој февруари и март имаа подобри резултати од истите месеци во претходните години.

И потоа дојде короната. Пандемијата не ја остави недопрена ниту компанијата LIQUI MOLY, па сепак, компанијата ја пресретна кризаѕа со својата полна сила. Немаше откази, не се објавени огласи за вработување на определено време, дури спротивното, вработивме 101 нов работник. Инвестициите не беа откажани, туку масовно зголемени. На пример, маркетинг буџетот е дуплиран.  “Живееме од плодовите на годините пред кризата. За среѓа оставивме доволно резерви. Ова ни дава можност да инвестираме во иднината – сега. ” продолжува Ернст Прост. LIQUI MOLY се бореше со кризата со силна контрациклична стратегија. А потоа дојде Ноември со пораст од 26 проценти, споредено со истиот тој месец минатата година.

“За прв пат по многу месеци, покажавме уште еднаш двоцифрен пораст. А тоа е логична последица на нашето залагање и инвестиции во четири основни ресурси – луѓе, бренд, машини и пазари, вели Прост, директорот на Германскиот производител на моторни масла.“Со зголемувањето од 26 проценти во Ноември, успеавме да ја напуштиме долината на солзите. Досега остваривме пораст од 4,5 проценти и ги затвориме книгите за порачки за Декември. Затоа ќе го искористиме секој час во Производството и Испораката на нашите клиенти.” LIQUI MOLY планира да продолжи со соборување на рекордите и следните години.