Спречете тропање на хидроуличните подигнувачи

Тропањето на хидроуличните подигнувачи може да предизвика проблеми во моторот. Ако тие проблеми не се решат, моторот може да претрпи сериозни последици. Нашиот адитив за хидроулични подигнувачи може да помогне во процесот.

Хидроуличните подигнувачи се важни компоненти во моторот кои се грижат за автоматско компензирање на клиренсот на вентилите. Но што се случува кога овие значајни делови се расипани, и што впрочем предизвикува да дојде до тропање на подигнувачите?

Причини поради кои тропаат подигнувачите

Може да пстојат различни причини зошто подигнувачите тропаат :

  • Истрошеност : со тек на времето, подигнувачите се трошат, особено ако е пројдена голема километража на возилото
  • Недостаток на масло : ниското ниво на масло или масло со низок вискозитет може да делува негативно на хидроуличните подигнувачи
  • Нечистотија и наслаги : загаденоста на моторнто масло може да ги затне каналите на хидроуличните подигнувачи
  • Воздух во хидроуличниот систем : воздушни меурчиња во протокот на масло може да ја загрози работата на хидроуличните подгнувачи што ќе продолжи со појава на тропањето.

Како ќе ги препознаете расипаните хидроулични подигнувачи ?

Расипаните хидроулични подигнувачи обично се препознаваат по карактеристичното тропање во моторот. Ова тропање може да се слушне особено јасно кога се стартува моторот студен а може да се зголемува по подолго време на возење. Друг знак :  моторот работи нерамномерно и губи сила.

Последици од расипани хидроулични подигнувачи

Ако ги игнорирате знаците за дефектни хидроулични подигнувачи, ризикувате сериозни оштетувања. Можните последици вклучуваат :

  • Зголемено трошење на другите моторни компоненти : недоволно подмачкани делови кои ќе се трошат побрзо.
  • Моторно оштетување : на долг рок, може да се случат сериозни штети во моторот, што ќе резултира со скпи поправки.

Можно решение : адитив за хидроулични подигнувачи

Нашиот адитив за хидроулични подигнувачи уди брзо, лесно и ефективно решение за растропаните хидроулични подигнувачи. Адитивот ги чисти маслеените канали, отстранува наслаги и го подобрува подмачкувањето на хидроуличните подигнувачи. Ова го намалува типичниот звук и го продолжува животниот ве на хидро подигнувачите.