Pro Line – Центри
Не е никаква тајна дека сите сервиси и продавници за резервни делови не се исти. А сите ние, ги бираме и одиме во оние сервиси и продажни центри во кои имаме доверба. На кои можеме да се потпреме и да ја препуштиме негата за нашите возила. Како производител на моторни масла и адитиви, сервисите и продавниците се значаен дел од светот на LIQUI MOLY, бидејќи во нив клиентите ги добиваат услугите, како и нашите производи. Оние кои се истакнуваат, но и одат чекор понапред во услугата и квалитетот може да ја добијат титулата – LIQUI MOLY Pro-Line Центар! Во овие центри можете да ги најдете нашите производи, техничка опрема под критериумите на LIQUI MOLY за чистина, услуга и квалитет. Бидејќи не е доволно да се понудат само производи со премиум квалитет, потребно е да се испорача и премиум ДОЖИВУВАЊЕ за нашите и Ваши клиенти! А сервисирањето на возилото од стресно, да прерасне во врвно, позитивно искуство.
Имате сервис или продавница за резервни делови, масла и течности? Го имате ли она што е потребно да станете LIQUI MOLY Pro-Line Центар? Јавете ни се и ќе Ви го презентираме комплетниот концепт!
Кои стандарди треба да ги исполните за да станете LIQUI MOLY PRO-LINE ЦЕНТАР :
- LIQUI MOLY брендирање на надворешниот дел, внатрешноста на сервисот (продавницата) и просторијата за чекање
- Да имате завршено обуки за дејството и апликацијата (употребата) на адитивите, заедно со обуките за моторни масла и нивна примена
- по завршување на обуката, ќе добиете сертификат од LIQUI MOLY за да им покажете на клиентите дека сте во тек со стандардите во индустријата на подмачкување.
- LIQUI MOLY е главно моторно масло во вашиот центар
- Да ги поседувате LIUI MOLY адитивите и ATF течностите на залиха, и да ја употребувате специјалната техничка опрема на LIQUI MOLY
- LIQUI MOLY логото мора да биде изразено на веб страната на вашиот центар
- Објектот мора да е чист и организиран одвнатре и однадвор.
- Мора да се прави проверка на месечно ниво дека објектот ги задоволува барањата на LIQUI MOLY
LIQUI MOLY PRO-LINE ЦЕНТАРОТ ќе ги добие следните БЕНЕФИЦИИ :
МАРКЕТИНГ:
- Сервисот или продавницата ќе бидат објавени на веб страната на LIQUI MOLY Македонија како LIQUI MOLY PRO-LINE ЦЕНТАР
- Ќе ги користите предностите на социјалните мрежи на LIQUI MOLY Македонија
- Ќе можете да ги искористите предностите на централните реклами на LIQUI MOLY во земјата и странство
- Поддршка на локално ниво – во вашата средина (преку заеднички акции и кампањи)
- PRO-LINE рекламни фолии за прозорците
- Сталажи и дополнителен изложбен материјал
- Центарот на LIQUI MOLY ќе биде објавен во нашиот newsletter
- Сертификат со годината во која центарот се стекнал со титулата LIQUI MOLY PRO-LINE CENTER
ПОДДРШКА:
- континуирана поддршка и тренинг
- Обука и материјали за дополнителна продажба на материјали, услуги и продукти за вашите приемни консултанти и техничари.
ДРУГИ БЕНЕФИЦИИ :
- Дополнителен попуст за производите на LIQUI MOLY
- Попуст на материјалите од LIQUI MOLY TEAM FAN SHOP
- Дополнителни презентации на центарот, во сопствените и надворешни медиуми
Нашите контакти на следниот линк.