Tимот Engstler на Liqui Moly се префрла на Honda

Транзиција во автомобилистичките трки : Со својот Engstler racing тим , Германскиот производител на моторни масла и адитиви станува еден од главните клиентски тимови на Honda во WTCR и TCR Germany.

Во новата сезона, LIQUI MOLY Team Engstler ќе се вози со Honda Civic Type R TCR возила во  WTCR и TCR Германија. Петер Бауман, маркетинг Директорот на специјалистот за подмачкувачи, е оптимистичен за новопотпишаната соработка : “Многу сме возбудени што ќе бидеме дел од глобалната моторспортска програма на Honda почнувајќи од следната сезона. И уверени сме дека ќе успееме да ги оствариме нашите корпоративни вредности многу добро со Honda. Експертизата во моторспортот на тимот предводен од Франц Енгстлер, нашата страст и уживање на работиме заедно ќе биде во одлична хармонија и ќе ни го донесе посакуваниот успех и во спортот и за двата бренда ,  Honda и LIQUI MOLY.”

Франц Енгстлер, сопственикот на тимот LIQUI MOLY Team Engstler: “Многу сме горди и ќе дадеме се што можеме за да додадеме нови поглавја во големата и успешна историја во моторспортот на  Honda.”

Honda Racing возачите – Tiago Monteiro (Португалија) и Attila Tassi (Унгарија) Ќе возат во  WTCR носејќи ја опремата и аутфит на LIQUI MOLY Team Engstler. Листата на возачи на TCR Германија ќе биде објавена нешто подоцна.

Компанијата лоцирана во Улм, се потпира на компетенциите изградени низ сите рејсинг активности на две и четири тркала. Гунтер Хиермаер, генералниот директор на Liqui Moly GmbH од Март, 2022: “Моторспортот и нашиот бренд припаѓаат заедно. Нашите производи се синним за највисок можен квалитет и доверливост, кои ги докажуваме пред меѓународната јавност секој викенд во моторспортот. Нашите бизнис партнери особено имаат бенефит од нашата меѓународна присутност на брендот и од техничката експертиза. Затоа се надеваме дека ќе имаме можност да ги поканиме партнерите на овие настани што е можно побрзо.”