Се чувствувате изморено, летаргично? Можеби зимата ве совладала, па настинката е на пат? Многу луѓе сакаат да консумираат големи количини на овошје и зеленчук за да го зајакнат својот имунолошки систем и како превентивна мерка. Тоа би требало да го практикувате и со моторот на Вашиот автомобил, на кого студените температури имаат многуу негативно влијание. Без оглед на тоа дали го кристите вашето возило секој ден или го чувате зиме, нашите зимски адитиви се вистнска терапија за вашиот мотор.
Super Diesel Additive
Адитив кој се користи во текот на целата година, а има одличен ефект и во зима. Super Diesel Additive го отстранува талогот во системот за вбризгување и во комората за согорување, а спречува и негово враѓање во системот. Чистиот мотор користи помалку гориво и ја намалува емисијата. Адитивот ги одржува сите компоненти на дизел системот за вбризгување. Го зголемува и цетанскиот број и ги подобрува перформансите на дизел горивото. Super Diesel Additive се грижи моторите да работат мазно, а истовремено го чува целиот систем на гориво од корозија и абење. Последно, но не помалку важно ги оптимизира издувните емисии и вкупниот капацитет на перформанси.
Injection Cleaner
Витаминска инекција за бензин мотори : Injection Cleaner ги отстранува остатоците од инјекторите, всисните вентили, свеќичките и комората за согорување, а спречува и формирање на нови остатоци. Се грижи за проблемите на стартување и мазно функционирање на моторот. Дополнително, горивниот адитив ги одржува сите компоненти во системот за гориво. Покрај заштита на целиот горивен систем го подобрува и одговорот на забрзување и компресија. Injection Cleaner ги оптимизира издувните емисии и комплетниот капацитет на перформанси.
Diesel Flow Fit
Проблемите на дизел горивото во зима се добро познати : Кога ќе стане престудено, дизелот се згуснува. Предизвикувач на ова е парафинот, восокот кој се формира во дизелот. Ова, разбирливо, не се случува во лето. Но при ниски температури восокот од течна преоѓа во тврда состојба. Се кристализира, а кристалите го блокираат филтерот за гориво. Во тој момент моторот престанува да прима гориво и престанува да работи. Затоа превземете адекватни превентивни мерки и погрижете се вашиот мотор да остане во форма – дури и при исклучително ниски температури до -31 °C (зависно од квалитетот на горивото). Адитивот гарантира оперативна функционалност на дизел моторот на ниски температури. Но не заборавајте – оптималниот ефект може да го остварите само ако адитивот го додадете на резервоарот пред да почне неговото згуснување. Немојте да го чувате Diesel Flow Fit во возилото.
mtx Carburettor Cleaner
Во зимска сезона, витаминската терапија е клучна за старите возила како и за модерните класици.
mtx Carburettor Cleaner ги подобрува перформансите на моторот го чува целиот систем на гориво од корозија за време на зимскиот одмор. Ги отстранува наслагите во карбураторот, на вентилите и свеќичките, како и во комората за согорување, а дава превенција и при нивното враѓање. Употребата на чистачот на карбуратор го чува горивото. Една работа е особено релевантна за оние кои сакаат да ги возат нивните класични модели и модерни класики во зима : mtx Carburettor Cleaner дава превенција од замрзнување на карбураторот.
Складирање на возилата
Ако сакате да го складирате вашето возило во зима, паметно е да и во таа ситуација додадете екстра “витамини” . следните производи се особено адекватни за таа намена :
Fuel Stabilizer
Anti-Bacteria Diesel Additive

Ако влагата влезе во горивото, бактериите може брзо да се рашират. Ако влагата или бактеријата влезат во возилото заедно со горивото или водата и стигнат до интерфејсот на пристап помеѓу водата и дизел горивото, условите за живот за нив се идеални. Микроорганизмите може да го запрат целото моторно коло до прекин. “Diesel pest” и “diesel sludge” се термини кои често се користат да се објасни овој феномен. Anti-Bacteria Diesel Additive е високо ефикасен биоцид кој нуди широк спектар на акција против бактерии, влаги и печурки. Составот на биоциди не создава никакви корозивни производи и одобрен е од најголем број на производители на возила. Одличен е за користење во дзел возилата кои се неактивни подолг период како што се кампери, патнички возила, механизација, комерцијални возила, резервоари за складирање итн. Може да се користи и во резервоари кои се веќе загадени.