Експертот за масла и адитиви, со постојан пораст, ја пробива пандемијата и ги решава проблемите со леснотија. Тоа би можело да биде и проклетство на успехот : додека растот на германскиот специјалист за масла и адитиви LIQUI MOLY некогаш зависеше од побарувачката, сега зависи од суровините. Во првите девет месеци на оваа година прометот пораснал за 26 проценти на 554 милиони евра : никогаш не бил толку голем. “A би можело да биде и повеќе само да имавме доволно состојки за производство на нашите масла и адитиви “, рече директорот Ернст Прост.
“Не се работи само за тоа дека нашите откупни цени нагло пораснаа “, вели Ернст Прост. “Некои суровини од време на време воопшто не се достапни, дури и ако сме за нив биле подготвени да платиме големи пари. На исто ниво сме како во автомобилската индустрија која поради недостатоци наа полупроводници мораше да го прекине своето производство. “И покрај пробемите LIQUI MOLY бележи огромен пораст на прометот . Ернст Прост : “Пред три години немавме толку промет во дванаесет месеци како во девет месеци од оваа година.” Компанијата поставува рекорди секој месец. Тој раст е особено изразен на меѓународните повеќе од германскиот пазар, каде LIQUI MOLY е веќе цврсто укотвен. Во странство, пак, растот е особено висок во оние земји во кои LIQUI MOLY не го продава својот широк асортиман на хемикалии за автомобили, како и обично, преку независни увозници, туку преку сопствени подружници : На најважниот американски пазар, прометот е зголемен во првиот период. Девете месеци за речиси 50%, во Италија дури за 130 проценти. Истовремено, добивката за тоа време е зголемена за 75 проценти. Оваа бројка воглавно ги одразува вложувањата во маркетинг со кои компанијата се бореше против последиците на пандемијата пред година дена. Тогаш тоа влијаеше негативно по профитот, но денес тоа се исплати. Во склад со тоа, Ернст Прост исто така е оптимистичен во поглед на последното тромесечие. “Ако продолжиме со ова темпо, нема да постигнеме само нов рекорд во прометот, туку ќе забележиме и најголем раст на прометот последните години – и покрај пандемијата и недостатокот на материјали . “