Motor Protect, го штити вашиот мотор

Еден од нашите адитиви кој знаително го намалува триењето и го продолжува животниот век на моторот

Развојот на современите мотори се повеќе се движи кон поголема моќност со помала зафатнина на моторот (кубни сантиметри). Во моторот се создаваат поголеми притисоци и температури. Хемиската заштита на Motor Protect од LIQUI MOLY е добро прилагодена за заштита на моторот.

Motor Protect е адитив за заштита од абење. Адитивите за заштита од абење, во услови на висок притисок создаваат многу тенок слој на точките во  моторот кои се лизгаат и притоа нуди деформација и капацитет на лизгање при услови на абење.

Ефектот на адитивот е најмалку 50.000 км.

Motor Protect обезбедува оптимални перформанси на моторот и непречено работење.
Други клучни придобивки се значително намалување на абењето и продолжен век на траење на моторот.

Проверено: Помалку триење со Motor Protect

Со нашиот адитив Motor Protect, во внатрешните тестови успеавме да постигнеме силно намалување на вредноста на триењето и значително подобрување во заштитата од абење.

Кај конвенционалното моторно масло SAE 5W-40, заштитата од абење е подобрена до 10%, а коефициентот на триење е намален до 20%. Со минерално моторно масло SAE 10W-40 дури можевме да измериме намалување на вредноста на триењето до 30%!

Додадете Motor Protect на маслото според упатствата или побарајте LIQUI MOLY Motor Protect при следната промена на маслото.