Зошто е битно да користите вистинско масло за вашето возило? Можете ли да заштедите пари на моторното масло и зошто е неопходно да го менувате? LIQUI MOLY ги има одговорите на овие прашања.
Позадина
Моторот на возилата секогаш мора да има доволно подмачкување. Заштитната обвивка од масло го намалува механичкото триење на подвижните делови и спречува директен контакт метал на метал. Без тоа, моторот би претрпел сериозни оштетувања за неколку секунди. Точното моторно масло мора да гарантира подмачкување под сите оеративни услови и оптоварувања кои може да се случат во моторот. Треба да има најниска помжна вискозност во екстремни студени услови за да се помогне стартувањето и да се стигне до сите важни точки во моторот кои треба да се подмачкаат колку што е можно побрзо. При екстремни температури, од друга страна, не смее да пукне маслената покривка во моторот, бидејќи тоа може да го уништи моторот.
Зошто е неопходно да се менува маслото?
Редовната промена на масло го продолжува животниот век на моторот и трансмисијата. По одредено време, моторното масло е истрошено и замастено, на пример како резултат од разретчувањето со гориво или кондензирана вода, природно стареење на маслото или механичка абразија.
Подмачкување
Најважната задача на моторното масло е да се подмачкаат механичките делови во моторот. Наменето е да се редуцира триењето помеѓу компонентите кои се во движење, со што го сведува на минимум абењето. Неопходно е да се формира затворена маслена обвивка за да се спречи оштетување на моторот како резултат на контактот метал-на-метал.
Ладење
Моторното масло придонесува за ладење на моторните компоненти. Тоа се грижи да не дојде до прегревање на моторот.
Чистење
Mоторното масло исто така има задача да го чисти моторот. Остатоците од согорување, металните струготини и гареж ги превзема маслото и транспортира до маслениот филтер.
Заптивање
Моторното масло ги поддржува заптивките и семеринзите на клиповите, од комората за согорување, со што спречува да навлезат во моторот разни загадувачи.
Корозија
Моторното масло формира зашттна обвивка на металната површина. Влијанието на воздухот со тоа се избегнува а моторот е заштитен од понекогаш агресивните производи кои настануваат како резултат на согорувањето.
Заштита на природата
Mодерните масла го лимитираат согорувањето на гориво а со тоа и нивото на издувни гасови. Дополнително, модерните моторни масла се ослободени од хлор и тешки метали и лесно може повторно да се третираат и повторно употребат.
Безбедност
Подмачкувањето на сите компоненти на моторот гарантираат добра работа н моторот, а с тоа и повсок ниво на безбедност во сообраќајот.
Зошто е значајно да користите вистинско масло?
Секој мотор е различен а со тоа има и различни барања за масло. Кога ќе се употреби несоодветно масло со некоректна вискозност, не може да се постигне точниот маслен притисок, а тоа може да доведе до оштетување на моторот. Дополнителни негативни последици вклучуваат и губење на гаранцијата, зголемена потрошувачка на гориво, зголемен ризик од дефекти, пократок животен век на моторот и уништување на DPF филтерот и катализаторот.
Може ли моторното масло да Ви заштеди пари?
Кое масло да се употреби кога го менувате старото масло? Постојат огромен број на обавувачи на масло со ефтини или скапи продукти. Природно, сакате да потрошите што е можно помалку пари, што ве наведува да купите ефтин моторно масло. Ова сепак, може да ве чини многу повеќе. Причина – ефтините масла не ги задоволуваат сите спецификации на производителите на возила и имаат помали резерв и на перформанси. Поради тоа, се трошат многу побрзо и мора почесто да се менуваат. Високо квалитетните масла на LIQUI MOLY, од друга страна, најчесто ги надминуваат спецификациите на производителите и го продолжуваат животниот век на моторот и времето за сервисна промена на масло.
Адитиви во маслото
Моторното масло содржи посебен индивидуално скроен пакет на адитиви зависно од сецификациите а производителот. Многу е важно да користите масло кое одговара на вашето возило, бидејќи секој мотор има различно потреби и побарувања.